Македонија

Пренџов: Во Македонија овие седум години како чума да поминала

Пренџов: Во Македонија овие седум години како чума да поминала

Пратеникот Љупчо Пренџов вели дека овие два дена нема присутен ниту еден пратеник од ДУИ на собраниската расправа за ребалансот на буџетот.

-Холдингот ДУИнг бизнис не е заинтересиран за Буџетот, освен кога е на власт. Го нема и Венко Филипче, а многу е нечесно кога ќе дојде ваков сериозен документ во Собранието, претседателот на СДСМ да одржува бледа партиска прес-конференција и да не се појави во Парламентот. Очигледно наместо работата за која е платен, на Филипче му е пример за однеусвање Али Ахмети кого 20 години го нема во Собранието и доаѓа само за гласање на “битни законски решенија’”. Тоа многу зборува за СДСМ, а ова не е обичен ребаланс, зашто вакви ребалсани се направени два пати во последните 17 години, при менувањето на власта, вели Пренџов.

Пратеникот додаде дека очекувал дека поранешниот премиер, креаторот на овој Буџет, Ковачевски, прв да дојде и да земе збор, да каже зошто државата е во ваква состојба? Каде се парите? Каде се ветувањата?

– Во Македонија овие седум години како чума да поминала, вели Пренџов.

Најнови вести од Македонија

To top