Македонија

Пренџов: Стево изгуби тло под нозе, нервозен е и очаен, ги навредува жените, а ја навреди и професорката – не може да го поднесе фактот дека нема поддршка кај народот

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов преку статус на Фејсбук пишува дека Стево изгуби тло под нозе.

Пренџов: Стево изгуби тло под нозе, нервозен е и очаен, ги навредува жените, а ја навреди и професорката – не може да го поднесе фактот дека нема поддршка кај народот

„- Стево изгуби тло под нозе. Нервозен е, очаен. Веќе не знае што зборува. Ова е излив на мизогинија. Ги потценува жените, ја навредува професорката Силјановска. Не може да го поднесе фактот дека нема поддршка кај народот. Едноставно, граѓаните едвај чекаат да дојде 24 април и 8ми мај и да го пратат на буништето на историјата заедно со неговите од СДС и нивните газди од ДУИ.

– Силјановска е интелектуален џин за Стево Пендаровски. Тој тоа многу добро го знае и истото го искуси неколку пати на неколкуте дебати во 2019 година. Ова сега, е лечење фрустрации и комплекси. Силјановска е следниот претседател на Македонија и сите ќе се гордееме со изборот. Стево пак, ќе остане запаметен како најбезличниот претседател кој Македонија некогаш го имала“, стои во неговиот пост на Фејсбук

Најнови вести од Македонија

To top