Македонија

Пренџов: Со изградба на автопатишта и брзи железници се придвижува македонската економија

Пренџов: Со изградба на автопатишта и брзи железници се придвижува македонската економија

„Она што е многу важно е тоа што конечно имаме економски раст во Република Македонија. Во седумте години владеење на СДС и ДУИ, тие за 7 години имаат 1,1% економски раст, а сега веќе имаме со последниот квартал 3,8% економски раст, тоа значи дека ние сме за три ипол пати и подобри и побогати како држава од тоа што ни оставија. Во следниот период очекуваме да имаме и поголем економски раст затоа што знаеме, можеме, имаме кадри и капацитет којшто тоа ќе го изработат.  Имаме рекордно ниво на бруто инвестициите, каде што ние навистина имаме реален раст на градежништвото“, истакна Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на гостувањето во емисијата „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов посочи дека за разлика од претходно, сега капиталните инвестиции ја придвижуваат македонската економија, со изградбата на автопатишта и брзи железници.

„За разлика од претходно, гледавме дека фалат пари од буџет а на крај немаше ништо, денес на терен се гради, на терен се работи и тоа се капитални инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија. Ние се задолжуваме за градење на автопатишта и брзи железници, тоа се капитални инвестиции коишто враќаат средства, кога вие ќе изградите брза железница и кога целата стока којашто пристигнува на атинското или солунското пристаниште ќе треба да се транспортира кон средна Европа, тогаш тој што увезува плаќа за транспорт, помеѓу тоа и се плаќа и на Република Македонија, бидејќи се користи таа железница и таа железница ги враќа парите“, објасни Пренџов.

To top