Во гостување во емисијата „24 Анализа” пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека новата Влада ќе се базира на четири клучни столба и додаде:
„Новата владина коалиција има четири клучни столба. Првиот клучен столб е борба против криминалот и корупцијата во оваа држава кој завзема огромни размери. Вториот клучен столб е подобрување на економијата и благосостојбата на граѓаните. Третиот столб е забрзани европски интеграции и четвриот столб е рамномерен регионален развој на Македонија”, истакна Пренџов.
Тој продолжи и додаде:
„Владата како што кажа и мандатарот основен значај ќе и се про македонски ставови, односно сите без оглед на етничка припадност”, рече Пренџов.
Тој додаде дека идат подобри денови за Македонија.
„Идат подобри денови доаѓа економска обнова на државава, доаѓа силен удар на криминалците на криминалот и корупцијата и тоа е она убаво кое ќе се случува во Македонија во наредните години”, дециден е Пренџов.