Четири години алармиравме во Собранието, им викавме не, правевме протести, а тие се собраа неколку луѓе, отидоа во Бугарија на чело со Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ да го потпишат ова за кое што немаа кај граѓаните, немаа поддршка во Собранието помеѓу пратениците. И сите знаевме дека ова ќе заврши на еден начин на кој што политичари од типот на шоуменот Слави Трифунов или оној Каракачанов, во таков ков на политичари потклекнаа и им прифатија услови кој што никој никогаш нема да ги прифати во Република Македонија, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов во денешното гостување на Телевизија 24, додавајќи дека ова што се случува денеска, во однос и на блокадата за продолжување на европскиот пат, е последина на тоа што во Македонија долги години премиер ни беше пазарџија од пазарот во Горни Милановац.
И затоа, додаде Пренџов овие наративи кои сега ги користат експонентите на СДСМ ги слушавме цела кампања, истите наративи, копи паст од кампањата еве влегуваме во сто дена влада, со тоа добија 130 илјади гласови.
„Но, денес во Македонија на секој се му е јасно. Имаме намера од оваа држава да направиме правна држава, да направиме подобра економска благосостојба за граѓаните, да бидеме посакуван партнер за било која држава од Европската Унија. Се разбира многу работа и многу лобирање не само во Брисел, туку и во Париз, туку и во Берлин, туку и во Софија ако треба се со цел да имаме една вин вин ситуација. Бидејќи, мојата цел Македонците кои што живеат во Македонија да ги внесеме во Европската Унија, а селта на СДСМ беше Бугарите во македонскиот устав за една година повеќе на власт и тоа е разликата помеѓу“, рече Пренџов.
Додаде дека животот на граѓаните се подобрува и ќе биде подобар, право и правда во оваа држава ќе има, нема да дозволиме луѓе кои треба да бидат, како криминалци, онаму каде што му е местото да доаѓаат по Собрание, по телевизии да кажуваат како треба да биде оваа држава, бидејќи ние се соочуваме со ситуација најслабата и најсиромашната и најнеугледната членка на Европската Унија не блокира, затоа што сме држава која што во изминатите седум, осум години ниту има право, ниту има правда, ниту има економски раст.
“Ние за тоа се зафативме многу сериозно, покачивме пензии, позитивни листи, враќаме долгови, нови инфраструктурни проекти. И ова што е многу важно почна да излегуваат кај се чистите пари, што се правело во УЈП, кој по Струмица купува дијаманти и очекувајте во иднина тоа да продолжи. Кога ние ќе станеме правна држава тогаш ќе бидеме посакуван партнер за Европската Унија и нема да дозволиме да најслабата членка не блокира како што сега не блокира. Кичмата ќе ни биде исправена, достоинството ќе го зачуваме и ултиматуми не прифаќаме. Рековме, ако сакате вин вин ситуација, ние сакаме во Брисел вие сакате во нашиот устав. Истиот ден кога ние ќе влеземе во Европската Унија како држава, тогаш и Бугарите може да влезат во македонскиот устав и таа позиција останува, таа позиција била на избори, таа позиција беше анкетирана две години пред да се случат парламентарните избори. Јасни се работите, од нас се очекува правна држава и подобар економски живот за граѓаните“, истакна Пренџов.