Деновиве учествувам на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Македонија, со кој копретседаваат колешката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер — силна и јасна порака за заедничката посветеност кон европската агенда на Македонија, објави на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов.
Во конструктивна атмосфера разговараме и разменуваме ставови за односите меѓу Европската Унија и Македонија, за реформите, предизвиците и можностите што нѐ очекуваат, пишува фо својата објава Пренџов.