Огромно мнозинство од граѓаните, пратениците во Собранието и сите добронамерни организации кои и мислат добро на Македонија очекуваа од сите вас во советот денес да си поднесете оставки. Требаше да си поднесете оставки бидејќи крајно време е во Република Македонија да создадеме еден нормален правен систем во кој на челото на правда и правичност ќе бидат пресудни во правниот промет кој го имаат граѓаните со институциите, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.
Пренџов продолжи и додаде:
„Ние во Македонија правна држава немаме. Правната држава почива на два столба првата е јавното обвинителство а вториот е судството. Ниту едното функционира, ниту другото функционира. Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која граѓаните кои сите не плаќаат имате 2% рејтинг“, вели Пренџов.
Пренџов укажа дека во Македонија нема правна држава, право и обвинителски систем.
„Темата право правда и реформи во правосуден систем беше ставен пред изборот на граѓаните, на секоја анкета немањето право и правда е клучен проблем, ама решение на него не е со вие да продолжите со како до сега да бидете судски совет во оваа држава со 2% рејтинг. На Македонија и требаат промени, а не козметика со зборување еден час и при тоа не кажување ништо“, дециден е Пренџов.