Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Пренџов: Имаме огромна почит и емпатија кон родителите на жртвите во Пулс, спроведени се над 4.400 инспекции за никогаш да не се повтори ваква трагедија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, во емисијата Анализа на ТВ 24 во однос на комеморативната седница која се одржа во Собранието во чест на 63-те жртви од трагичниот пожар во Кочани, истакна дека во ниту еден момент не постоела намера да се покаже непочит кон родителите на жртвите, посочувајќи дека сочувството и емпатијата кон нивната болка се искрени. Тој нагласи дека трагедијата и имињата на загинатите деца ќе останат во колективната меморија на македонскиот народ и ќе бидат силен потсетник за иднината.

„Сочувствувам со болката на родителите, имињата на тие деца не само денес туку секогаш ќе бидат помеѓу нас и не се работи за било каква непочит од нас како пратеници, напротив почитта е огромна, емпатијата исто така и нашите мисли во текот на оваа година се целосно со семејствата. Ја разбирам болката, сочувствувам со целата таа болка и во ниту еден случај не се работи за било каква непочит, убеден сум дека немало никаква намера да се покаже било каква непочит кон родителите на жртвите, емпатијата и почитта е огромна“, рече Пренџов.

Тој посочи дека пратениците се подготвени да ги сослушаат семејствата и да помогнат каде што можат, останувајќи во служба на граѓаните, особено на родителите и семејствата на жртвите во Кочани.

„Имаше комеморативна седница на којашто беа образложени сите причини зошто таа не се случи пред една година или пред десет, единаесет месеци во рамки на Собранието и мислам дека тие пораки ги испративме и кажавме дека тие деца секогаш ќе бидат запишани во колективната меморија на македонскиот народ и ќе бидат еден силен потсетник за тоа како не треба и што треба да се случува во иднина во рамки на нашето општество. Ние како пратеници сме целосно отворени не само да ги слушнеме, не само да помогнеме, ние сме тука во служба на сите, особено на родителите, на семејствата на загинатите во Кочани“, вели Пренџов.
Во поглед на законите и инспекциите Пренџов информираше дека во изминатиот период биле спроведени многу контролни инспекции, при што биле утврдени прекршоци и биле издадени решенија за забрана за работа на повеќе објекти, се со цел ваква трагедија да не се повтори.

„Во изминатиот период се направени 4432 контролни инспекции, најдени се 1792 прекршоци, 162 решенија за привремена забрана за работа на објекти, локали кои не ги почитувале пропишаните законски минимум услови, имаме изречено глоба од повеќе од 15 милиони, во моментот има 7 активни лиценци, истовремено на 19 март во рамки на Министерството за транспорт имаме одземено 464 лиценци на луѓе кои вршеле дејност во областа на градежништвото, тоа се илјадници инспекции направени. Како никогаш до сега се е претресено и тоа требало да се случува години наназад, но не се случувало“, заклучи Пренџов.

Најнови вести од Македонија

To top