Македонија Машински факултет

Премиерот Мицкоски на Инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност

Како што информираат од Факултетот, на Инфоденот ќе бидат презентирани можностите за соработка помеѓу македонските истражувачи и истражувачката мрежа на Европската комисија. Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, одржливите материјали за изградба, паметната специјализација и индустријата 4.0.

Премиерот Мицкоски на Инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност

Инфоден за можностите за поддршка на научно-истражувачката дејност во Македонија организираат денеска Машинскиот факултет – Скопје и Министерството за образование и наука во соработка со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија. На настанот ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Како што информираат од Факултетот, на Инфоденот ќе бидат презентирани можностите за соработка помеѓу македонските истражувачи и истражувачката мрежа на Европската комисија.

Во фокусот ќе бидат енергетската безбедност, одржливите материјали за изградба, паметната специјализација и индустријата 4.0.

Оттаму дополнуваат дека Министерството за образование и наука неодамна потпиша Рамковен договор за истражување со Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, со што се отвораат нови перспективи за развој на научните истражувања во Македонија. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top