Македонија Општина Петровец

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци

Овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци

Утре 24.01.2025 година (петок) со почеток во 12:15 часот, претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.

Овој проект е во должина од 2.400 метри, средства за изградба на овој пат се обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит во висина од 12.200.000 денари.

Исто така започната е и доизградбата на детската градинка втора и завршна фаза со капацитет за згрижување на 70 дечиња.

Средствата за овој проект се обезбедени од Владата на Република Македонија од унгарскиот кредит во вредност од 9.470.000 денари.

Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top