Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Но, каде се малку на број, па уште и незаинтересирани да си ја работат работата.
Така, на листата на пратенички прашања до која дојде КУРИР, јасно може да се види дека иако премиерот и министрите им се речиси цел ден на располагање, пратениците на СДСМ ќе им постават само 5 прашања.
За поставување на пратеничко прашање се јавиле: Горан Мисовски, Славјанка Петровска, Фатмир Битиќи, Љупчо Николовски и Даниела Николова од СДСМ.
Од Левица ќе бидат поставени само две прашања, од пратениците Реџеп Исмаил и Јована Мојсоска.
Европскиот фронт, пак, пријавил исто така само две пратенички прашања, а нив ќе ги постават Блерим Беџети и Рина Хајдари.
Ова значи дека само 9 прашања има цела опозиција!