Македонија

Преку партнерски однос ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на легитимните потреби на компаниите и ќе преземаме мерки за неселективна борба против корупцијата

Преку партнерски однос ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на легитимните потреби на компаниите и ќе преземаме мерки за неселективна борба против корупцијата

Соработката со деловната заедница е клучен фактор за градење на доверба и подобрување на конкурентноста на економијата. Преку партнерски однос ќе создаваме стратегии и методи за олеснување на легитимните потреби на компаниите, но и заеднички ќе преземаме мерки за превенција, санкционирање и неселективна борба против корупцијата во сите редови, истакнато беше на денешната средба помеѓу претставници од Царинската управа, предводени од директорот Бобан Николовски и претставници на Македонската асоцијација на мегународни шпедитери и логистички оператори, предводени од претседателот на Асоцијацијата Џино Шкријељ.

Асоцијацијата ги обединува шпедитерите и логистистичките оператори кои овозможуваат копнен, авионски, поморски и комбиниран транспорт како и царинење и логистички услуги.

Денес, директорот Николовски ги слушна барањата на претставнците на Асоцијацијата, како едни од засегнатите страни во царинската постапка. За време на средбата двете страни посочија дека преку непосредна соработка и отворена дискусија за актуелни проблеми од секојдневното работење, со преземање на конкретни мерки и регулативи согласно заеднички интереси, ќе дојдеме до зајакнување на интегритетот, забрзување и олеснување на царинските постапки и помали трошоци за деловната заедница. Од заеднички интерес е и воведувањето на целосна автоматизација на процесите, што треба да доведе до зголемена ефикасност и ефективност во работењето.

„Клучните принципи и вредности кон кои ќе се стремиме во периодот кој претсоти се професионалност, одговорност и чесност, кои треба да обезбедат високо ниво на доверба во јавноста, вакви средби континуирано ќе се одржуваат со цел заеднички да го менуваме менталитетот и лошите навики на сите чинители во царинските постапки“, истакна директорот Николовски.

Претседателот на Асоцијацијата Џино Шкријељ ја поздрави иницијативата на Царинската управа и најави целосна поддршка при спроведувањето на реформите во работењето.

To top