Македонија Битола

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Мајка роди три бебиња на Бадник во Македонија

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски.

ПРЕКРАСНА ВЕСТ: Мајка роди три бебиња на Бадник во Македонија

За време на најголемиот христијански празник – предвесник на Христовото раѓање, Бадник, една мајка во Битола роди тројка – две братчиња и сестричка.

Тие се родени во Болницата Плодност, од каде информираа за оваа убава вест.

„Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.

Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент.

„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски.

Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!“, велат од болницата.

Најнови вести од Македонија

To top