Македонија ЗНМ, ССНМ и СЕММ

Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори

Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет.

Предупредување за ризик од злоупотреба на јавни пари во онлајн просторот за време на претстојните избори

Платеното политичко рекламирање и понатаму може да биде предмет на партиско медиумска корупција или злоупотреба. Очекуваните измени во Изборната регулатива за кои се залагаа и се залагаат еснафските новинарски и медиумски организации не беа земени предвид за претстојниве избори. Останаа старите проблематични решенија во законот и покрај забелешките кои беа дадени на креаторите на законските решенија на повеќе консултативни средби на работните групи, сметаат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Според нив, актуелните решенија повторно се на штета и на професионалните медиуми и на граѓаните. Еснафските организации остануваат на ставот, односно предлозите дадени во работните групи дека политичките кампањи не треба да се финансираат од државниот буџет.

-Како последица на ова, во моментов има пријавено 249 онлајн медиуми кај Државната изборна комисија за државно финансирање за партиско-политички реклами во изборната кампања. Сомнително е тоа што дел од нив се сајтови со непознат сопственик или без импресум, новоформирани портали за кои се отвора сомнеж дека се наменски формирани само за да добијат пари за кампањата, како и портали кои не објавуваат информации од поширок јавен интерес, се вели во денешното соопштение.

За да се спречи злоупотреба на јавни средства од страна на фантомски медиуми и да се избегне дезинформирање на граѓаните за изборниот процес, потребно е да се направат итни измени во Законот за медиуми за создавање регистар на онлајн медиумите во Македонија. За овие законски измени ЗНМ, ССНМ и СЕММ, како што нагласуваат, повеќе пати му имаат укажано на МИОА како надлежно министерство, но очигледно има недостаток од политичка волја за конструктивни законски решенија.

-Исто така, укажуваме дека во рамките на проектот „ЕУ за слобода на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, поддржан од ЕУ, нов Закон за медиуми е изготвен во декември 2023 година од страна на домашни и меѓународни експерти и предаден до МИОА. Зо овој нов предлог закон претходеа широки консултации со повеќе чинители од медиумскиот сектор. Основните цели на предлог законот, во согласност со европските стандарди, се формирање јавен регистар на онлајн медиуми со цел спречување или намалување на злоупотребите на овие медиуми од страна на политичките партии, подобрување на социо-економскиот статус на новинарите и медиумските работници преку воведување на контролни механизми, зголемување на транспарентноста во медиумската сопственост и поддршка за плурализмот во медиумите со цел да се заштити јавниот интерес, се додава во соопштението.

Според ЗНМ, СЕЕМ и ССНМ, немањето на политичка волја за усвојување нов Закон за медиумите (што беше обврска до крајот на 2023) ќе се одрази негативно во однос на позицијата на Македонија на светските индекси за слободата на медиумите. Укажуваме дека усвојувањето на новиот Закон за медиумите во Собранието, а потоа и неговото спроведување ќе ја гарантира независноста на медиумите и правата на новинарите и ќе демонстрира дека МИОА и Собранието се ангажирани кон позитивни евро-интегративни процеси.

Оттаму бараат политичките партии застапени во собранието во најскоро време да пристапат кон разгледување и усвојување на новиот закон за медиуми.

To top