Македонија

Предлог законот за помилување на седница во Собрание

Со новиот Закон за помилување, предложен од Министерството за правда, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

Предлог законот за помилување на седница во Собрание

Предлог законот за помилување со кој помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда, денеска ќе биде на седница на Собрание, информираат од Министерството за правда.

Со новиот Закон за помилување, предложен од Министерството за правда, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

Од Министерството за правда велат дека при изготвувањето на законот биле разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската Унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

– Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот, велат оттаму.

Дополнуваат дека е важно што во него има прецизни рокови и докрај се прецизираат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.

Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.

Ова е целосно нов закон кој не се однесува на предлог амнестијата за растеретување на затворската популација која не беше изгласана.

Најнови вести од Македонија

To top