Македонија

ПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово и Гостивар се треселе како никогаш претходно, земјотресот одзел и човечки животи!

ПРЕД 64 ГОДИНИ НА ДЕНЕШЕН ДЕН СЕ СЛУЧИЛ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС – Тетово и Гостивар се треселе како никогаш претходно, земјотресот одзел и човечки животи!

Фејсбук страницата на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје објави статус во кој се потсетува на силниот земјотрес на територијата на Тетово –Гостивар на денешен ден пред 64 години.

„Потсетување на земјотресот од 12.3.1960 – Тетово – Гостивар

На 12 март 1960 година, во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар во 11 часот и 54 минути UTC (Coordinated Universal Time), се случил земјотрес со магнитуда од 5.6 степени.

Истиот бил почувствуван со максимален интензитет од 8 степени според EMSC-98 во населените места близу до епицентарот, а со помал интензитет во останатите делови од државата и надвор од неа. Земјотресот одзел еден живот, имало повеќе повредени и истиот предизвикал бројни материјални штети“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top