СДСМ нема кредибилитет да зборува за економски политики. Парадоксално е да држат прес личности кои што во претходниот мандат имаа интегрална улога во распадот на економскиот систем и животниот стандард, Александар Јамалов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
-Луѓето што ја разурнаа македонската економија и што стандардот на граѓаните го донесоа на дното, сега со лажна грижа нудат нецелосни решенија што не можат да го подобрат животот на граѓаните. Дрско е да се лаже целата јавност од собраниската прес сала со ниту еден точен податок. Ги повикуваме богаташите од Дубаи да се освестат и ако навистина му мислат добро на народот, да го поддржат буџетот за 2025, вели тој.
Јамалов ги повика да гласаат за покачувањето на платите за сите работници.
-Да гласаат за 5.000 денари повисоки пензии за сите пензионери, за реализација на 4 нови автопати, за рекордно висока сума на капиталните инвестиции. Ние имаме конкретни планови кои веќе даваат резултати, рече пратеникот.