Македонија ќе се одржи и состанок на Поткомисијата за Западен Балкан

Пратеничката Василевска на состанок на Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ во Монако

Според дневниот ред, пратениците ќе ја разгледуваат Нацрт-резолуцијата за насилството и говорот на омраза против политичарите како закана за демократијата, а ќе дебатираат и за промовирањето на демократската безбедност во Европа преку т.н. мека моќ, потоа за демократијата, човековите права и владеењето на правото во Иран, за зајакнувањето на слободата на изразување како императив за консолидација и развој на демократските општества, а ќе се разгледува и продолжението на Резолуцијата за сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и безбедноста на европскиот континент, како и продолжението на резолуцијата и препораката за зајакнување на односите меѓу Советот на Европа и Латинска Америка.

Пратеничката Василевска на состанок на Комисијата за политички прашања и демократија на ПССЕ во Монако

Пратеничката Иванка Василевска, во својство на заменик-шефица, ќе учествува на состанокот на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која на 9 и 10 март 2026 ќе се одржи во Монако, во рамките на ротирачкото претстедателтсво на оваа членка со Комитетот на министрите на Советот на Европа.

Според дневниот ред, пратениците ќе ја разгледуваат Нацрт-резолуцијата за насилството и говорот на омраза против политичарите како закана за демократијата, а ќе дебатираат и за промовирањето на демократската безбедност во Европа преку т.н. мека моќ, потоа за демократијата, човековите права и владеењето на правото во Иран, за зајакнувањето на слободата на изразување како императив за консолидација и развој на демократските општества, а ќе се разгледува и продолжението на Резолуцијата за сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и безбедноста на европскиот континент, како и продолжението на резолуцијата и препораката за зајакнување на односите меѓу Советот на Европа и Латинска Америка.

Комисијата за политички прашања и демократија има 85 членови, пропорционално распределени меѓу националните делегации. Оваа Комисија се смета за клучен „политички мотор“ на Парламентарното собрание на Советот на Европа, со оглед дека ги оценува барањата за членство до Советот на Европа преку проверка на усогласеноста со демократските принципи, владеењето на правото и човековите права и предлага активности за нивно промовирање, а ја испитува и состојбата на демократијата и функционирањето и развојот на демократските институции во Европа. Исто така, се занимава со геополитички прашања, надворешни односи и партнерства, како што е статусот на Партнер за демократија и иницијативи за зајакнување на демократијата.

Во рамките на Комисијата, ќе се одржи и состанок на Поткомисијата за Западен Балкан, која се фокусира конкретно на политичките случувања, демократските процеси, регионалната соработка, безбедноста, стабилноста и перспективите за интеграција на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

Најнови вести од Македонија

To top