Македонија цена

Позната е новата цена на струјата

Во моментов тече прес конференција во Регулаторната комисија за енергетика.

Позната е новата цена на струјата

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, денеска официјално објави дека од 1 јули цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за половина процент.

За домаќинствата од прв и втор блок, односно оние кои не навлегуваат во третиот блок, пресметките велат дека нвните трошоци се зголемуваат за 0,4 проценти.

За оние 8 проценти кои навлегуваат во третиот ценовен блок, нивниот трошок за 0,48 проценти, а оние 4 проценти кои стигнуваат со потрошувачката до 4 ценовен блок ќе плаќаат за 0,57 отсто поскапо.

– На ЕВН Хоме му дадовме насока оние 15 отсто, кои нема да ги набавува од АД ЕСМ, да ги набавува на берзата на електрична енергија која функционира во Македонија и да купува во периоди кога цената е блиску до таа на ЕСМ – 60 евра мегаватчас, рече Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ додаде дека позитивно делувале и законските измени кои речиси едноглчасно по скратена постапка ги донесе Собранието, со што се овозможи новата профитна маржа од 9,9 проценти, наместо досегашните 11 проценти маргина на ЕВН Хоме како универзален снабдувач да важат од 1 јули.

-. Овие измени на Законот овозможија да не се формира нова компанија така што ќе се создадеше нова конфузија за граѓаните. Очекувам ЕВН Хоме да го направи тоа што треба за да нема зголемени трошоци за набавка на електрична енергија, истакна Бислимовски.

To top