Три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје – Тетово во Сарај.
Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите временски промени, особено на повисоките места – на планините, каде што ќе ги има.
Изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 1.926 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
– Од нив, „реални“ – 59,92 отсто, а 40,08 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,38 отсто, кон Итната медицинска помош – 31,35 проценти, а кон пожарникарите – 3,30 отсто од реалните повици, појаснуваат од ЦУК.