Трговскиот центар „Ист гејт“ повторно евакуиран, овојпат поради пожар во гаражите, каде се запалил автомобил. Сите продавници беа затворени, а посетителите изнесени пред зградата од страна на обезбедувањето.
Набрзо по вклучувањето на алармите, дојдоа и противпожарни возила. Чадот се гледаше дури и на излезот од гаражните простории. Пожарот брзо беше изгаснат, велат очевидци.
Се очекува трговскиот нормално да функционира.
Ова не е првпат поради пожар во гаражите да се евакуира цел трговски центар. Претходниот пожар беше во февруари. Двапати имаше и пукање, а при големите дождови се поплави дел од трговскиот.