Осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК по пожарот во дискотека во Кочани.
18 лица се лекуваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.
Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени и сите се во тек на обработка, ни рече директорот д-р Небојша Настов и најави информации за подоцна.
Најмалку 50 лица се загинати во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на групата ДНК, потврдија од МВР за МИА. Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
Дискотеката „Пулс“ во Кочани пред три ипол месеци прослави 12 години постоење. Досега, во диското настапувале повеќе македонски пејачи и диџеи и гости од регионот: Антониа Гиговска, Влатко Лозаноски, Тајзи, Бени и „Нон стоп“, „Нокаут“ и други.