Во Владата денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи средба со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хетгес и со Доминик Лерој, член на Одборот на директори за Европа по што ќе биде потпишан меморандум за разбирање.
Меморандумот ќе го потпишат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и главниот извршен директор на „Македонски телеком“, Горан Марковиќ кои по потпишувањето ќе одржат и прес-конференција.