Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ и деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Оливер Бакрески денес потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.
Со овој Меморандум за соработка се дефинираат активностите помеѓу Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје и Министерството за односи меѓу заедниците, како и моделите на соработка, со цел пренесување знаења и искуства од вработените лица во Министерство за односи меѓу заедниците.
И МОЗ и Филозофскиот факултет со потпишувањето на Меморандумот ќе се стремат кон остварување на повеќе зацртани цели како: заемна размена на информации, знаења и искуства од области од заеднички интерес; обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на страните потписнички; утврдување и негување на добрите деловни обичаи, како и учество, соработка и реализација на заеднички проекти.