Македонија МЗШВ и UN Women

Потпишан Меморандум за разбирање за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во земјоделството

Оваа соработка означува значителен напредок во политиките и програмите, осигурувајќи се дека жените во овие области ја добиваат потребната поддршка за да напредуваат.

Потпишан Меморандум за разбирање за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во земјоделството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и UN Women потпишаа Меморандум за разбирање за продолжување на тековното партнерство и зајакнување на жените во руралните средини и земјоделскиот сектор. Оваа соработка означува значителен напредок во политиките и програмите, осигурувајќи се дека жените во овие области ја добиваат потребната поддршка за да напредуваат.

Меморандумот за разбирање воспоставува рамка за соработка, при што двата партнери тесно ќе соработуваат за да го подобрат вклучувањето на еднаквите можности во главните политики, да го олеснат градењето капацитети и да го подобрат собирањето податоци во рамките на делокругот на Министерството. Овие напори се усогласуваат со релевантни закони и националните стратегии.

„Ние како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе работиме напорно преку различни мерки и програми за да се овозможат услови потребни за издигнување на улогата на жената од руралната средина во секојдневието и остварување на финансиска независност и имот, бидејќи жената е столбот на македонското општество“, истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Глобалните заложби за родова еднаквост, унапредувањето на правата и зајакнувањето на жените и девојчињата бараат акција во секој сектор, вклучително и земјоделството и руралниот развој. Националната и локалната имплементација има влијание врз животите на луѓето. Жените во руралните средини се од витално значење за глобалната безбедност на храната и економската стабилност. Овој Меморандум за разбирање ја покажува нашата посветеност за исполнување на овие ветувања со тоа што ќе се осигураме дека нивните придонеси се признаваат и нивните потреби се адресираат преку насочени партнерства и активности на ниво на заедницата“, подвлече Нјарадзаи Гумбонзванда, помошник генерална секретарка на ОН и заменик-извршна директорка на UN Women за нормативна поддршка, системска координација на ОН и програмски резултати.

Ова партнерство ја нагласува заедничката посветеност за зајакнување на жените во земјоделството и руралните области. Преку нивните заеднички заложби, двете страни имаат за цел да поттикнат инклузивна средина каде што овие жени можат да пристапат до ресурси, да учествуваат во процесите на донесување одлуки и да придонесат за одржливиот развој на руралниот и земјоделскиот сектор во државата.

To top