Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека денес, 25 ноември 2025 година (вторник), на полноќ истекува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски за овој даночен период.
Досега, од очекуваните ДДВ-04 пријави, поднесени се вкупно 5.312 што претставува 68,6% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријава за овој даночен период.
-Апелираме до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во ДДВ-04 пријавите, велат од УЈП.
Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата и плаќање на даночните обврски е од исклучителна важност за:
• правилно усогласување со даночните прописи
• одржување на финансиската стабилност на бизнисите
• избегнување на дополнителни трошоци, камати и санкции