Македонија Мелничари

Поскапе лебот во Македонија: Со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира

-Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ. 

Поскапе лебот во Македонија: Со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира

Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на истото ниво како што беше досега.

– Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто зашто цените на брашното се зголемија за десетина проценти. Останатие пекарски производи остануваат на истото ниво. Очекуваме цената на лебот да се стабилизира со почетокот на жетвата, изјави Малишиќ.

Тој напомена дека се уште не се знае каков ќе биде квалитетот и квантитетот на пченицата.

-Тоа ќе се дознае со почетокот на жетвата. Како Групација очекуваме владата да остане на ланските мерки за субвенционирање на земјоделците во однос на пченицата и јачменот – три денара за килограм предадена пченица и 100 евра по хектар за принос од најмалку три тона јачмен, истакна Малишиќ.

Минатиот месец некои од пекарите тврдеа дека лебот нема да поскапи следните два месеца, како и дека неговата цена е стабилна.

– Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени. По месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија. Стигнаа информации од големите производители како Украина и Русија дека таму не се знае како ќе се одвиваат жетвите поради воените дејства, што влијае врз берзата. ФАО истакна некој процент на зголемување на цената на житото. Тоа, сепак, е незначително и ние, како Агробизнис комора, тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цената на прехранбените производи, барем во сегментот на основни производи како житото и пекарските производи, реќе тогаш Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората на Сојузот на стопански комори (ССК).

To top