Македонија Будимпешта

Посета на делегација на Агенцијата на права на заедници на Унгарија

Целта на состанокот беше да се пренесат искуствата и добрите практики на институцијата која ја води Комесарот Козма во однос на правата на малцинските заедници во Р.Унгарија.

Посета на делегација на Агенцијата на права на заедници на Унгарија

Делегација на Агенција за остварување на правата на заедниците предводена од директорот Далибор Китановиќ во официјална посета на Унгарија.

Во рамките на Taiex програмата на ЕУ делегација на Агенцијата за остварување на права на заедниците од 25-29 ноември предстојуваше во Будимпешта, Унгарија. Домаќин на делегацијата од Македонија беше институцијата на Народниот правобранител на Унгарија.

Членовите на делегацијата предводени од директорот на АОПЗ Далибор Китановиќ остварија официјален состанок со Комесарот за финдаментални права на Унгарија, Акос Козма, состанокот се одржа во Дебрецен, каде што е и седиштето на едната од неколкуте регионални канцеларији на Унгарскиот Народен правобранител

Во конструктивен и пријателски разговор беа нагласени добрите и пријателски односи помеѓу Македонија иУнгарија, како и добрите и блиски врски помеѓу двата народа.

Унгарскиот комесар Козма истакна дека Унгарија е стратешки партнер на Македонија и дава јасна и недвосмислена поддршка на нејзиниот пат за полноправно членство во Европската унија.

Целта на состанокот беше да се пренесат искуствата и добрите практики на институцијата која ја води Комесарот Козма во однос на правата на малцинските заедници во Р.Унгарија.

На крајот од состанокот беше договорено дека соработката помеѓу институцијата на Обудсманот на Унгарија и Агенцијата за остварување на правата на заедниците ќе продолжи и ќе се продлабочи, во насока на подобрување на капацитетите на Агенцијата и нејзината регулатирна и надзорна функција а се со цел подобрување на правата и состојбата на помалубројните заедници во Македонија. (МИА)

 

Најнови вести од Македонија

To top