Македонија

Порака од претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.

Почитувани,

Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов.

Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото.

Да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина.

Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур – G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

To top