Македонија

Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан

„Читајте, учете во името на вашиот Господар кој создаде сè“, императив што му даде вистинска насока на спознавањето на Сторителот и неговото творење.

Порака на Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи во пресрет на месецот Рамазан

Во името на Алах, Милостивиот, Сомилосен

„О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи. “ Бекаре- 183

Почитувани верници, браќа и сестри,

Имам посебна чест и задоволство по повод светиот месец Рамазан, да им се обратам на сите верници во земјата, каде и да се наоѓаат, и на сите луѓе со добра волја, со најдобрите и најсрдечни честитки да им го честитам почетокот на овој месец, месец на мирот, солидарноста, универзалното добро и божествената милост.

Во овој месец беше објавена Алаховата наредба:

„Читајте, учете во името на вашиот Господар кој создаде сè“, императив што му даде вистинска насока на спознавањето на Сторителот и неговото творење.

Но, најголемата вредност на овој месец е постот на неговите денови, со што ја почитуваме Алаховата заповед со исполнување на еден од основните столбови на исламот.
Со ова, верникот во пракса го потврдува поврзаноста со својот Створител, ја подигнува свеста за доброто, мирот, солидарноста, грижата за човекот и ја реформира неговата личност, подготвувајќи го секогаш да биде во служба на доброто.
Рамазанот и постот на неговите денови создава големо духовно задоволство за да бидеме што поблиску до милоста Божја, и ни дава можност да се обратиме кон Неговото Величество, со нашите најискрени молитви за опрост на нашите гревови и евентуални недостатоци, а истовремено во нас буди чувство на блискост, љубов, великодушност и меѓусебно помагање.
Затоа, имам особена чест, во име на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија, и во мое лично име, на сите верници во земјата каде и да живеат и работат да им ги пренесам нашите искрени честитки по повод почетокот на светиот месец Рамазан, посакувајќи ви силна верба во Бога, добра волја и висока свест за извршување на постот, молитвите и добрите дела, основајќи се на зборовите на Мухамед (с.а.в.с) кој рече:

„Кој го пости месецот Рамазан со искрена верба, верувајќи дека од Семоќниот Алах ќе добие голема награда, ќе му бидат опростени сите негови претходни гревови.“

Нека ни е честит светиот месец Рамазан. Алах да ве благослови!

Реисул-Улема на ИВЗ

Х. Хфз. Шаќир Еф. Фетаи

Најнови вести од Македонија

To top