Македонија

Попов: УМС, во соработка со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно поднесоа измени на законот, за субвенциониран студентски оброк

Попов: УМС, во соработка со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, заедно поднесоа измени на законот, за субвенциониран студентски оброк

УМС и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш партнери на младите, ова преку видео објавено на Фејсбук го објавува Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес поднесуваме по скратена постапка закон за измена на законот за субвенциониран студентски оброк со кој предвидуваме средствата кои што студентите нема да ги искористат во текот на една недела да можат да ги искористат до крајот на наредната недела“, вели Попов.

Тој додава дека сега пратениците од другите партии се на потег. Ајде да се обединиме за младите.

To top