Македонија Македонија викендов епицентар на политички збиднувања

Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕПП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа

Во наредниот период заедно со нашите колеги од сите сестрински партии од Европската народна партија, нивните младински организации ќе разговараме и ќе носиме ставови за многу младински прашања кои не интересираат нас младите луѓе.

Попов: УМС како домаќин на Генералното собрание на младината на ЕПП ги направи Скопје и Македонија епицентар на главните младински политички збиднувања во Европа

На мое големо задоволство овој викенд, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин и организатор на Генералното собрание на младината на Европската народна партија, ова вечерва преку изјава за медиумите го истакна Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младината на Европската народна партија е најголема и најдобро организирана и највлијателна младинска организација во рами на ЕУ. Големо задоволство за мене како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е што успеавме овој викенд Скопје и Република Македонија да бидат епицентар на главните младински политички збиднувања во цела Европа, вели Попов.

Тој додава дека во наредниот период заедно со нашите колеги од сите сестрински партии од Европската народна партија, нивните младински организации ќе разговараме и ќе носиме ставови за многу младински прашања кои не интересираат нас младите луѓе.

Ќе разговараме и ќе разменуваме искуства како до повеќе работни места во Македонија, како младите да ги задржиме овде да не се иселуваат. Ве повикувам во наредните денови да ги следите настаните во рамки на оваа конференција и ви се заблагодарувам на вниманието, рече тој.

To top