Македонија подмладокот на епп во македонија

Попов: Разменивме искуства и ги слушнавме позитивни европски примери од подмладокот на ЕПП кои што ние можеме да ги примениме во Македонија

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден е домаќин на младината на младината на Европската народна партија, изјави денеска Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов: Разменивме искуства и ги слушнавме позитивни европски примери од подмладокот на ЕПП кои што ние можеме да ги примениме во Македонија

Во рамки на оваа конференција денес се одржува состанок на Генералното Собрание на младината на Европската народна партија. Собранието беше отворено од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Изминатите два дена претставниците на подмладоците од нашите сестрински партии имаа прилика да го посетат собранието на Република Македонија, каде што имаа прилика да разговараат со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателот на комисијата за надворешни работи во рамки на Собранието Антонијо Милошоски, клубот на млади, се одржаа други работилници, дискусии.

Разговаравме и споделивме искуства помеѓу нас со нашите меѓународни партнери, како до повеќе работни места овде во Македонија, како до подобри услови за младите, кои се оние позитивни европски примери кои што ние можеме да ги научиме од нив.

Ги разменуваме искуствата и навистина на крај сакам да заклучам дека како претседател на Унијата на млади сили сум горд со тоа што успеавме да ја донесеме младината на Европската народна партија овде во Скопје, и со тоа да поставиме на некој начин нови стандарди на младинската политичка сцена во Република Македонија, изјави Попов.

To top