Македонија

Попов: Младите добија партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Попов: Младите добија партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

На вечерашното отворање на политичката академија организирана од УМС Битола, претседателот на УМС и пратеник во собранието, Сергеј Попов, соопшти дека младите ги чувствуваат мерките од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и дека во првите 100 дена се докажа дека се различни и промените веќе се видливи.

„Во првите 100 дена од новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски се решија повеќе проблеми и прашања за младите луѓе, за разлика од претходните 7 години власт на СДСМ. Вработување на 600 млади специјализанти, 250 евра субвенција од државата за сите студенти за купување на електронски уред, отворање на фонд од 10 милиони евра за поддршка на бизниси за млади лица до 29 години до 30 илјади евра, 18.5 милиони евра за реконструкција на студентски домови’’, посочи Попов.

Попов истакна дека се работи на подобрување на животниот стандард на младите за да останат да работат и живеат во Македонија.

„Ако денот по утрото се познава, младите добија партнер во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас како предводник на младината на ВМРО-ДПМНЕ и како пратеник ќе се борам за подобрување на стандардот на младите’’, истакна Попов.

To top