Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија – „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември – недела, односно 9 декември – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Северна Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“.