Македонија

Полицискиот хеликоптер исфрли над 15 тони вода, локализиран пожарот во атарот на село Жировница

Полицискиот хеликоптер исфрли над 15 тони вода, локализиран пожарот во атарот на село Жировница

Денеска (13.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно дејствување беа исфрлени 15 тони вода.

Со тоа пламените јазици беа изгаснати и пожарот беше локализиран.

To top