Македонија мвр

Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода

Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.

Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопштија од Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи.

МВР

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР.

To top