Македонија собрани 13 единици

Полицајците од СВР Тетово даруваа крв

Според најавата на Јосифоски, до крајот на годинава планирани се уште две вакви акции, од кои се очекуваат уште најмалку педесетина единици крв.

Полицајците од СВР Тетово даруваа крв

Во полициската станица во Тетово денеска се собраа 13 единици крв во рамки на шестчасовната крводарителна акција. Ова е прва ваква акција за годинава спроведена во просториите на Секторот за внатрешни работи Тетово.

СВР Тетово

-Хуманистите од овој Сектор уште еднаш на дело ја искажаа својата несебичност и подготвеност да им помогнат на оние за кои собраните единици живот значат. До крајот на годинава планирани се уште две вакви акции, од кои се очекуваат уште најмалку педесетина единици крв. Инаку, СВР Тетово години на ред се вбројува меѓу крводарителски најуспешните институции на тетовско-гостиварското подрачје со собрани над 100 единици крв годишно, а она што посебно заслужува да се истакне е дека меѓу крводарителите значителен е бројот на новите, помлади дарители, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.

СВР Тетово

Според најавата на Јосифоски, до крајот на годинава планирани се уште две вакви акции, од кои се очекуваат уште најмалку педесетина единици крв.

Најнови вести од Македонија

To top