Припадниците на Баталјонот на специјални сили и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) заеднички ќе изведуваат алпинистичка обука, утре, на 12 октомври 2024 година (сабота) во реонот на Демир Капија.
По тој повод најавено е присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти Министерството за одбрана.