Македонија АМСМ

Поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце

Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа од АМСМ.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

To top