Македонија Образование

Под ново раководство: МОН започнува системски да ги решава предизвиците на младите луѓе

МОН пред неколку денови се обрати до бизнис заедницата и коморите во Македонија со цел доколку се во можност да обезбедат спонзорство за средношколците достојно да ја претстават државата на меѓународните научни олимпијади.

Под ново раководство: МОН започнува системски да ги решава предизвиците на младите луѓе

Министерството за образование и наука е запознаено со ситуацијата во која се наоѓаат учениците од Македонија и нивните наставници ментори, кои се квалификуваа за учество на меѓународни научни олимпијади, а за жал, не добиле никаква финансиска поддршка од државата.

-Под ново раководство, институцијата веќе работи на подготовка на системско решение со кое овој предизвик во иднина нема да го почувствува ниту еден друг ученик, а се трудиме да најдеме и интервентно решение со цел, да им се помогне на овие млади таленти да го реализираат годинешното учество во натпреварувањата. Сакаме да информираме дека во фаза на подготовка е нов Закон за средно образование во кој ќе бидат предвидени одредби за надомест на патни и трошоци за котизација за учество на меѓународни научни олимпијади. Многу скоро, предлог законот ќе биде проследен до Владата, а оттаму и до Собранието, каде очекуваме поддршка од сите пратеници, вклучително и пратениците на политичката партија која денеска го прозва министерството, велат од МОН.

Второто решение пак, е интервентно за конкретната ситуација. Во недостиг на законска регулатива за директно постапување, МОН пред неколку денови се обрати до бизнис заедницата и коморите во Македонија со цел доколку се во можност да обезбедат спонзорство за средношколците достојно да ја претстават државата на меѓународните научни олимпијади. Се очекува повратна информација.

-МОН ја цени грижата на политичките субјекти во државата кон младите и изразува уверување дека секоја идеја која ќе биде доставена до нас, со должно внимание ќе биде разгледана можноста за имплементација. Сплотеноста за поддршка на младите сега, ја стимулира нивната желба за придонес и развој кон државата во иднина, се наведува во нивното соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top