Македонија Земјотрес со 5,2 магнитуда

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од \ Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 7 јуни 2025 година регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Република Грција.

Почувствуван земјотрес со епицентар 290 километри југоисточно од Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денеска регистрира серија земјотреси со епицентри во Република Грција. Според досегашните податоци, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

To top