Во законодавниот дом денеска ќе се одржи свеченост по повод отворањето на Волонтерската програма на Собранието 2025.
Поздравни обраќања на настанот е предвидено да имаат претседателот на Собранието Африм Гаши, генералната секретарка Марина Димовска, заменик-амбасадор во Британската амбасада Даниел Фајлер и Дона Костуранова, директорка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.