Македонија Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје

-Овој спортски објект, кој со години беше оставен во руинирана состојба, одново ќе биде ставен во фунција за потребите на студентите за реализација на наставата по физичко образование и за изведување на други спортски активности, најави Министерството за спорт. 

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје

Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт, комплетно ќе се реконструира и адаптира спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Градежните работи официјално ќе стартуваат денеска, по што предвидени се обраќања на министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Ангела Василевска.

-Овој спортски објект, кој со години беше оставен во руинирана состојба, одново ќе биде ставен во фунција за потребите на студентите за реализација на наставата по физичко образование и за изведување на други спортски активности, најави Министерството за спорт.

Најнови вести од Македонија

To top