Државната изборна комисија ги известува членовите на избирачките одбори дека исплатата на надоместоците е започната и истата е во тек за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година.
-Динамиката за постапката на исплата на надоместоците зависи од ажурноста и точноста на податоците за ИО внесени од страна на Општинските изборни комисии, односно доставени се податоци кои содржат многу технички грешки за личните податоци и истите мора да бидат проверени и корегирани поединечно во Државната изборна комисија за да бидат прифатени во системот за трезор за исплата во Министерството за финансии.
Напоменуваме дека се работи за податоци за околу 35 000 членови на избирачки одбори со податоци од единствени матични броеви и трансакциски сметки, за чија точност при внес беа задолжени општинските изборни комисии, велат од ДИК.