Македонија

Почина Тахир Хани

Почина Тахир Хани

Почина поранешниот висок функционер на ДУИ Тахир Хани. Тој е роден во Струга 1961 година.

По војната во 2001 година, поточно со доаѓањето на ДУИ на власт, извршуваше важни државни функции. Од министер, заменик министер до секретар во Владата.

Хани почина по тешко боледување. Веста за смртта на Хани ја објавија и од ДУИ.

-Со длабока тага ве известуваме дека денес по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани. Погребот на починатиот ќе се одржи на 08.11.2024 во 15:00 часот во село Велешти, напишаа од ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top