Регионалниот пат Градско-Прилеп кај клучка Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор вечерва во 20.25 часот е пуштен за сообраќај во целост, соопшти АМСМ.
Сообраќајот кај клучката Манастирец беше пренасочен околу час и половина односно од 19 часот.