Управата за заштита на културното наследство во рамките на своите активности го промовира културното наследство на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам, на 26. издание на Медитеранската Берза за туризам и археологија во Пестум, Италија.
На оваа берза, од денеска до 3 ноември, ќе бидат презентирани голем број едиции од најпознатите археолошки локалитети во земјава – Стоби, Хераклеа, Стибера, Цареви Кули, Бонче, Билазора, Виничко Кале, како и манастирите Зрзе, Трескавец, црквата во Курбиново, Шарената џамија и др.
На саемот се претставуваат повеќе од 40 земји од светот, со кои Управата во наредните денови ќе оствари контакти за понатамошна соработка во делот на заштитата и промоцијата на богатото културно наследство.
Како што информира в.д. директорката на Управата за заштита на културното наследство Весела Честоева, македонскиот штанд денеска бил посетен од почесниот конзул на Македонија во Неапол Артуро Палма.