Македонија Поткуп

По приведувањето на директор на Геријатриска болница, се огласи Министерството за здравство

Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи, велат од МЗ.

По приведувањето на директор на Геријатриска болница, се огласи Министерството за здравство

Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа.

-Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи, велат од МЗ.

Како што веќе објави КУРИР, уапсен е директор на здравствена установа.

Според неофицијалните информации до кои дојде КУРИР станува збор за Мухсин Арифи, директор на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје.

Како што дознаваме, тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп од 20.000 евра.

Поткупот го зел за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

Најнови вести од Македонија

To top