Македонија ветерот го намалил загадувањето на воздухот

По пожарот во Фалише ќе се испитува и почвата, Ангелов со нови информации

-Во повторен разговор со сопственикот на магацинот добивме информација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 тони како што не’ известија вчера. Поголем дел од магацинот бил железарија, а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати, појаснува Ангелов.

По пожарот во Фалише ќе се испитува и почвата, Ангелов со нови информации

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов ги уверува граѓаните да бидат спокојни, бидејќи нема загадување на воздухот над нормалата по пожарот во Фалише.

-Во повторен разговор со сопственикот на магацинот добивме информација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски препарати, а не 100 тони како што не’ известија вчера. Поголем дел од магацинот бил железарија, а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати, појаснува Ангелов.

Тој додава дека во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кој помогнал ПМ честичките во воздухот да дојдат во нормални граници.

-Мерките кои вчера превентивно беа упатени во ЦЈЗ Тетово и ЦУК сега веќе не важат. Граѓаните можат да бидат спокојни од аспект на загаденост на воздухот, вели директорот на ЦУК.

Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување.

To top